Удоги го продолжи договорот со Тотенхем

Удоги-го-продолжи-договорот-со-Тотенхем.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Тотенхем го продолжи договорот со левиот бек, Дестини Удоги. Младиот Италијанец се обврза да остане во клубот до јуни 2030 година.

Удоги (21) потпиша повеќегодишен договор со Тотенхем во август 2022 година, но минатата сезона ја помина на позајмица во Удинезе.

За Тотенхем сезонава одигра 13 натпревари и постигна еден гол.

Удоги ги помина сите младински селекции на Италија, а оваа година дебитираше за сениорската репрезентација на Италија. Покрај за Тотенхем и Удинезе, тој настапуваше и за Верона.

Трансфермаркт проценува дека италијанскиот репрезентативец вреди околу 38 милиони евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK