Удинезе доживотно ќе им забрани пристап на стадионо на навивачите кои го навредуваа голманот на Милан, Мајк Мањани за време на натпреварот во сабота, изјави генералниот директор на клубот Франко Колавино.
Саботниот натпревар беше два пати прекинуван, бидејќи неколку навивачи на Удинезе имитирајќи мајмунски крици го навредуваа Мањан. Францускиот репрезентативец го напушти теренот со соиграчите.
„Работиме да ги најдеме одговорните, се работи за две или три лица. Немаше скандирања, бидејќи ниту судијата ниту обвинителството не ги забележаа – рече Колавино.
Тој истакна дека клубот има право да побара доживотна забрана.
Фудбалскиот свет го поддржа Мањани, вклучувајќи го и Умберто Калкањо, претседателот на здружението на играчи во Италија.
Калкањо ја апострофира одличната комуникација меѓу судиите и Мањан, но исто така истакна дека за вакви инциденти треба да се воведат построги казни.
Џани Инфантино, претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), предложи автоматско одземање на поени во случаи на расизам на стадионот.
Уште еден инцидент викендов се случи кога навивачите на Салернитана ги нападнаа играчите на Џенова за време на прославата на голот, што го спомена и Калкањо.
Меѓу предметите кои полетаа кон играчите на Џенова беше и парче чоколадо кое Кевин Струман го изеде пред навивачите, што значи дека и Салернитана се соочова со сериозна казна.