Уапсени членови на бандаа која ограбувала фудбалери во Мадрид

unnamed-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шпанската полиција денеска соопшти дека уапсила шест членови на банда која ограбувала куќи на фудбалери во Мадрид и околината.


Во соопштението на полицијата се вели дека групата ги избрала своите жртви откако ги проучувала фотографиите и видеата од домовите објавени на социјалните мрежи од самите фудбалери, членови на семејството и нивните пријатели.

Не се соопштуваат имињата на фудбалерите кои биле на мета на разбојниците.

Полицијата соопшти дека бандата е одговорна за осум грабежи во последните две години во богатите станбени области на Мадрид.

Во една од кражбите минатиот мај, групата украла часовници и накит,во вредност од околу 500.000 евра, кои потоа се обидела да ги продаде на црниот пазар.

При апсењето полициските службеници одзеле десет рачни часовници, неколку парчиња накит, 3.300 евра во кеш и два пиштоли.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK