Еклстон го поддржа Маса во борбата за титулата

122369541_1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Берни Еклстоун, поранешниот шеф на Формула 1, рече дека Фелипе Маса бил во право што побарал да биде признат за светски шампион во 2008 година.

Адвокатите на поранешниот возач на Ферари, во понеделникот го започнаа процесот против раководството на Ф1, ФИА и Берни Еклстоун.

Маса исто така бара компензација за проценетата финансиска загуба од 64 милиони фунти, плус компензација за губење на титулата за еден поен од Луис Хамилтон.

Еклстон за „Ројтерс“, во телефонски разговор од Бразил изјавил дека доколку е менаџер на Маса, би го советувал да поднесе обвинение во Англија.

„Најдобро што може да направи е да тужи во Англија, тој сака нешто директно и тоа ќе биде директно. Ќе видиме што ќе се случи. Можеби ќе му помогне ако англискиот судија излезе и каже нешто за тоа, тоа би било добро за него“, смета Еклстон.

Инаку, Еклстоун има искуство со судски процеси во Велика Британија.

Во октомври минатата година, тој мораше да плати 652,6 милиони фунти за да избегне затвор, откако се изјасни за виновен за затајување данок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK