Уапсен терористот кој синоќа уби двајца навивачи на Шведска

Уапсен-терористот-кој-синоќа-уби-двајца-навивачи-на-Шведска.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Белгиската полиција утрово го уапси осомничениот кој синоќа во терористички напад со автоматска пушка во Брисел уби двајца шведски навивачи. Претходно, повикувајќи се на неколку извори, порталот ХЛН, објави дека осомничениот Абдесалем Ласуед бил застрелан во кафуле во Шербек.


„Идентификацијата допрва треба да потврди дека станува збор за напаѓачот, но, голема е веројатноста дека тој е сторителот, бидејќи кај него е пронајдено и оружјето со кое наводно биле извршени нападите“, изјави министерката за внатрешни работи Анелизе Верлинден.

„Оружјето со кое наводно биле извршени нападите е пронајдено утрово на местото каде што е пронајден маж во Шербек. Тоа ја зголемува веројатноста дека сторителот е фатен. Сега земаме отпечатоци од прсти за да бидеме 100 отсто сигурни“, се наведува во полициското соопштение.

Засега не се знае неговата состојба, но беше пријавено дека при апсењето полицијата морала да употреби сила.

Имаше спротивставени извештаи за состојбата на напаѓачот, при што белгискиот радиодифузер ХЛН објави дека белгиската полиција го убила Ласуеде откако го пронашла како седи во кафуле во северното предградие Чербек.

Никол де Мур, државен секретар за азил и миграција, рече дека осомничениот терорист кој го изврши масакрот е по потекло од Тунис и дека тој поднел барање за азил во Белгија во ноември 2019 година, што било одбиено.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK