Поранешниот играч на Манчестер Сити, Јаја Туре изјави дека Немања Матиќ му бил еден од најтешките противници на теренот.
Играчот кој во кариерата го носеше дресот на Барселона и Сити пред четири години ја заврши кариерата.
„Го мразам тоа ко..ле. Толку е тешко да се игра против Матиќ. Тој е висок, силен и моќен. Беше забавно да се игра против него, иако е тешко. Малкумина се оние кои би можеле да играат против мене и да ме спречат, а Матиќ беше еден од оние кои знаеја да ми задаваат проблеми. Може да трча. Може да се врати во одбраната. Може да следи. Може да се бори. Тој е навистина добар играч“, рече Туре.
Во последната деценија од Премиер лигата, Матиќ беше еден од најдобрите играчи на позицијата заден играч од средниот ред, а тој и Туре водеа битки кога Србинот играше за Челзи и Јунајтед.