Тухел: Прашајте ги Матеус и Хаман што е не беше добро

Тухел-Прашајте-ги-Матеус-и-Хаман-што-е-не-беше.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Баерн во саботата ја декласира Борусија во Дортмунд со 4:0 и на вистински начин реагираше на дебаклот и сензационалната елиминација од Купот на Германија од третолигашот Сарбрикен.


Со победата во дербито, Баварците им одговорија и на критичарите кои ги напаѓаа од сите страни во последните денови, а меѓу нив најгласни беа поранешните асови Лотар Матеус и Дитмар Хаман.

Тренерот на Баерн, Томас Тухел имаше порака за двајцата.

„Што направивме добро во дербито? Освен што е лоша атмосфера и што играме лошо? Лотар сигурно знае, ако не знае, тогаш знае Хаман“, изјави Тухел и додаде.

„Одигравме одличен натпревар, создадовме многу шанси и постигнавме четири гола. По победата од 4:0 сите новинари го менуваат мислењето. Во ред, вие завршете ја својата работа, но јас нема да учествувам во неа“, изјави тренер на Баерн.

По десет одиграни кола, Баерн е втор во Бундеслигата со 26 бода, што е два помалку од водечкиот Баер од Леверкузен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK