Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, нема да биде на клупата на дуелот со Манчестер Јунајтед од групата А во Лигата на шампионите в среда, потврди УЕФА.
50-годишниот стратег доби црвен картон во април поради критиките на натпреварот против Манчестер Сити во четврт-финалето на претходното издание на натпреварувањето.
Поради ова тој е суспендиран. Тухел ќе може да го следи натпреварот со Манчестер Јунајтед од трибините на „Алијанц Арена“ и телефонски да комуницира со помошниците.