Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, ги потврди пишувањата на медиумите дека нов играч во неговиот тим ќе биде Ерик Даер.
Германските и англиските новинари пишуваа дека играчот на Тотенхем би можел да му се придружи на својот поранешен соиграч Хари Кејн кој летово пристигна во Баерн, а Фабрицио Романо пренесува дека трансферот е завршена работа.
„Тој е специјалист на позицијата центар бек. Покрај тоа, може да игра и на позицијата и на лев и на десен централен дефанзивец или дури и на позиција заден играч од средниот ред“, изјави Тухел, а потоа додаде:
„Пред неколку години тој играше како „шестка“ Премиер лигата.
Првите фудбалски чекори Ерик Диер ги направил во Спортинг од Лисабон, каде што неговото семејство живеело неколку години поради работата на мајка му, која како вработена во УЕФА работела на организацијата на Европското фудбалско првенство.
Кога семејството се вратило во Англија во 2014 година, Даер се преселил во Тотенхем и до сега не го сменил клубот.