Тудор го напушти Лацио

Igor-Tudor-Lazio-shout.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хрватскиот фудбалски тренер Игор Тудор повеќе не е тренер на римски Лацио.


Тудот го напушти тој клуб по неполни три месеци работа, поточно од 18 март, кога и официјално беше претставен на „Олимпико“, на местото на Маурицио Сари.

Потоа потпиша договор на 18 месеци.

Сепак, и покрај солидните резултати што ги постигна (6-3-2) и напредокот на тимот од 11. на 7. место, несогласувањата што ги имаше со раководството околу планот за иднината беа одлучувачки за разделбата.

Италијанските медиуми пишуваат дека Тудор не се согласувал со политиката на клубот во однос на одредени играчи и дека побарал заминување на неколку и доаѓање на оние кои според него би биле засилувања.

„Таа идеја беше дијаметрално спротивна од онаа на Лотито и Фабијани“, наведуваат Италијанците.

Порталот „Ноибјанкочелести“, пишува дека вчера претседателот на клубот Клаудио Лотито сакал да го замени Тудор, но спортскиот директор Фабијани застанал на страната на хрватскиот тренер кој сакал соработката да продолжи.

Средбата се случила во вторникот вечерта во ресторан, а истиот портал пишува дека Лотито ставил вето на продажбата на Гендузи, Ровела и Исаксен од кои Тудор сакал да се ослободи за да донесе играчи кои се по негов вкус.

Ден подоцна Фабијани застана на страната на својот претседател и му сврте грб на Тудор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK