Најмалку 25 морнари загинале во Ормускиот Теснец од почетокот на војната со Иран, ОН регистрирале 136 инциденти


13802594.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 25 морнари загинале во и околу Ормускиот Теснец од почетокот на американско-израелската војна против Иран кон крајот на февруари, покажуваат податоците на Обединетите нации.


ОН предупредуваат дека безбедносните инциденти во овој стратешки важен поморски премин и поширокиот регион на Блискиот Исток се во пораст. Најголем број жртви од почетокот на конфликтот бил забележан во октомври, пренесува Ал Џезира.

Меѓународната поморска организација (ИМО), агенција на ОН, регистрирала вкупно 136 безбедносни инциденти во кои биле вклучени бродови во Ормускиот Теснец и поширокиот регион на Блискиот Исток, во периодот од 1 март до 11 ноември.

Од нив, 35 инциденти се случиле во октомври, а уште 10 биле регистрирани во првите денови од ноември.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK