Португалецот од Вест Хем, Матеус Фернадеш, само 24 часа беше рекордер на Тотенхем. Спарс се согласија да палтат 100 милиони евра, но исто така се согласиле да платата преку оваа сума за Сандро Тонали.
Италијански извори тврдат дека Роберто Де Зерби одиграл клучна улога и дека тој лично го убедил Тонали во својот проект, а Тотенхем сега е подготвен да плати над 100 милиони евра за неговиот трансфер.
Италијанецот во неколку наврати изрази желба да замине од Њукасл, беше поврзуван со Арсенал и со клубовите од Манчестер, Јунајтед и Сити, но Тотенхем беше најупорен.
Тонали ја договорил платата, годишно ќе заработува 12. милиони евра, а ќе потпише договор до летото 2032 година.
На Тонали не му пречи што Тотенхем нема да игра во европските купови, бидејќи ниту Њукасл не избори пласман, додека другите клубови не беа конкретни во преговорите.
Да ве потсетиме дека Роберто Де Зерби веќе донесе неколку одлични засилувања ова лето, како слободни играчи клубот ги донесе Маркос Сенеси и Енди Робертсон, за Жан-Пол ван Хеке клубот плати 60 милиони евра, а за Матеус Фернандеш100 милиони.
Кога Мохамед Кудус ќе се опорави и ако Де Зерби добие уште еден квалитетен напаѓач, нема сомнение дека Тотенхем ќе биде конкурент за трофејот во Премиер лигата.
Foto/ Depositphotos