„Десната рака“ на Инфантино поднесе оставка во знак на протест


screenshot-2026-07-31-125859.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Еден од најблиските советници на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, поднесе оставка во знак на протест поради планот за продажба на удели во комерцијалните права на Светското првенство на приватни инвеститори.


Карлос Кордеиро, поранешниот претседател на Фудбалската асоцијација на Соединетите Американски Држави и еден од советниците на ФИФА во работната група на Белата куќа за овогодинешното Светско првенство, го обвини Инфантино за неодговорно однесување.

Неговата оставка доаѓа откако сите 55 членки на УЕФА едногласно го поддржаа бојкотот на натпреварувањата на ФИФА доколку се усвои контроверзниот предлог. Ставот на УЕФА го поддржа и Северна и Средна Америка (КОНКАКАФ).

ФИФА претходно изјави дека „никој не го продава фудбалот“ и ги обвини медиумите дека го поткопуваат процесот на консултации, но Кордеиро јасно стави до знаење дека не се согласува со планот на Инфантино.

„Како висок советник на претседателот на ФИФА, поранешен банкар и доживотен фудбалски навивач, не можам мирно да гледам додека ФИФА разгледува продажба на својот удел во Светското првенство“, рече Кордеиро во по оставката.

Тој нагласи дека не учествувал во изготвувањето на предлогот и дека е недвосмислено против него.

„Тоа е лош бизнис за членовите на ФИФА, лош бизнис за фудбалот и лош бизнис за долгорочната иднина на играта.“

Кордеиро верува дека ФИФА нема потреба да бара пари од приватни инвеститори, бидејќи веќе има огромни финансиски ресурси.

„ФИФА има милијарди долари резерви и нема долг. Самиот претседател на ФИФА истакна дека помеѓу 2022 и 2026 година се генерирани 15 милијарди долари приходи.

Според него, продажбата на траен удел во највредниот имот на светскиот фудбал за да се соберат 4,2 милијарди долари нема никаква економска смисла.

„Тоа претставува ставање на иднината на фудбалот под хипотека без никакво убедливо оправдување“.

Foto/ EPA/FELIPE TRUEBA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK