Швјонтек се пласира во финалето на Ролан Гарос

shvjontek
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полската тенисерка Ига Швјонтек вечерва ја победи Бразилката Беатрис Хадад Маја во полуфиналето на Ролан Гарос со 6:2, 7:6 (9:7). Мечот траеше 2 часа и 10 минути.







 

Во текот на играта, првиот светски рекет во женскиот тенис сервира еден ас, направи четири двојни грешки и реализираше четири брејк топки од четири можности.

 

Хадад Маја имаше една двојна грешка и две од седум реализирани брејк топки.

 

Во финалето на Отвореното првенство на Франција, Швјонтек ќе се сретне со Чехинката Каролина Мухова, која ја совлада Белорусинката Арина Саболенка.

 

Вкупниот награден фонд на Грен слемот Ролан Гарос изнесува 49,6 милиони евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK