Кисум и следната сезона останува во Еурофарм Пелистер

kisum
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ни причинува особено задоволство што уште еден член на шампионската генерација на РК Еурофарм Пелистер се одлучи за го продолжи своето спортско патување со нас. Данскиот интернационалец Каспер Кисум го продолжи договорот со нашиот клуб за уште една сезона, што е јасен показател за задоволство и хармонија по само неколку месеци во Македонија, објави вечерва македонскиот ракометен првак.

 



Триесетгодишниот Кисум на почетокот од годината пристигна во Битола и даде голем придонес во пролетниот дел на сезоната., посебно во натпреварите од плејофот на Суперлигата.

 

Поранешниот ракометар на Сондејиске мина низ многу етапи во кариерата, играше и за Хановер Фленсбург во Бундеслигата и Тулуз во француското првенство.

 

Еурофарм Пелистер почетокот на подготовките за новата сезона го закажа за 19 јули.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK