Сабаленка може да стане прв светски рекет по Ролан Гарос

Sabalenka
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 По завршување на женскиот дел од Грен слемот Ролан Гарос може да дојде до промена на врвот на ВТА ранг-листата. Во моментов водството е полската тенисерка Ига Швјонтек со предност од 1399 поени. Таа во Париз треба да ја одбрани титулата и 2000 поени.







Второпласираната Арина Сабаленка од Белорусија на Ролан Гарос брани 130 поени.

За да остане на првата линија, Швјонтек треба да стигне барем до полуфинале. Ако не го направи тоа, Сабаленка ќе стане број 1 дури и испадне во првото коло.

Доколку Сабаленка се пласира во четвртфиналето, Швјонтек ќе треба да стигне барем до финалето.

Во случај Сабаленка да се пласира во финалето, Швјонтек ќе треба да ја освои титулата.

Ако Сабаленка ја освои титулата, тогаш сигурно ќе стане број 1.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK