Македонската тениска репрезентација (89. рангирана) по денешното извлекување ги дозна ривалите од Третата Европска зона од Дејвис купот што ќе се игра во Ларнака, Кипар.
Ривали на македонските тенисери во групата Б се: домаќинот Кипар (рангиран на 75. место), кој е носител, Малта (93. место) и Молдавија (95. место).
Во групата А се три репрезентации: Естонија (68), Сан Марино (86) и Црна Гора (91).
Во првото коло утре ривал на македонската репрезентација ќе биде селекцијата на Малта.
Двете првопласирани репрезентации од двете групи ќе обезбедат пласман следната сезона еден ранг повисоко, додека второпласираните ќе играат меч за третата позиција која од оваа зона носи пласман ранг погоре.