Ѓорческа напредуваше 25 места на ВТА листата

gjorcheska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа оваа недела напредуваше на двете ранг листи.

Во поединечна конкуренција со пласманот во полуфиналето на фјучерс турнирот во Рим освои 29 поени и со 323 поени се наоѓа на 224 место, напредувајќи за 25 позиции.


Во конкуренција, пак, на двојки Ѓорческа со пласманот во финалето од минатата недела во Лиепаја и 48-те поени и го донесоа 366 место со вкупно 205 поени.

Ѓорческа оваа недела ќе настапи на фјучерс турнирот во чешкиот град Оломуц што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Македонската тенисерка лани дојде до финалето во кое беше поразена од домашната тенисерка Сара Бејлек, а оваа година е рангирана како петта носителка

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK