Дербито, одиграно во неделата, во кое Ливерпул го декласира Манчестер Јунајтед со 4:0, се уште е гавна тема во англиските медиуми.
На овој меч, на клупата на Јунајтед дебитираше новиот тренер, Маурисио Покетино. Аргентинецот, веќе е мета на критики, по кошмарното деби.
По Гари Невил и Џејми Карагер, по новиот тренер на Јунајтед „удри“ и Стивен Џерард. Легендата на Ливерпул го оцени изборот на Матијас де Лихт наместо Хари Мегваер како стартер во најголемиот натпревар во англискиот фудбал како грешка на тренерот.
„Сега мислам дека донесе погрешна одлука за одбраната. Да стартува некој како Де Лихт во толку голем натпревар, најголемиот во земјата. Целиот свет гледа.
Избирате некој што не играл од минатиот ноември. Можете да разберете дека менаџерот сака да стави свој печат на тоа, да промени неколку работи во споредба со она што се случувало пред неговото доаѓање… Но, Хари Мегваер е нивниот најдобар дефанзивец во моментов. Да ги заборавиме младите играчи кои можеби се подготвени во овој момент, но Матијас де Лихт не играл една година“, рече Џерард во подкастот „Overlap“.
„Во моментов, Хари Мегваер е најдобриот дефанзивец што го имаат. И тој мораше да го започне натпреварот. Штом влезе во игра, можеше да се види разликата. Тој беше оној што го стави своето тело на линијата на огнот. Имаше одлична блокада околу 38-та или 39-та минута, спречи сигурен гол“, продолжи поранешниот капитен на Ливерпул.
„Често го гледав Манчестер Јунајтед оваа сезона, тој е оној што се бори, секогаш „влегува во оган“ и се бори. Во ред, не беше совршен, но Де Лихт да биде ставен пред него, мислам дека тоа е знак на непочитување“, беше јасен Џерард.
Навивачите на Јунајтед би сакале клубот да ја зајакне својата одбрана во зимскиот преоден рок, но Џерард предупредува:
„Кој би дозволил врвен дефанзивец да си замине во јануари? Само за некоја астрономска сума пари. Тоа е единствениот начин да се донесе добар дефанзивен играч во јануари.“
Foto/ Depositphotos