На 25 ноември 2026 година, Скопје ќе биде домаќин на Првиот форум за енергетска дипломатија – „Обновливи извори и жените во енергетиката“, на кој ќе присуствуваат над 200 домашни и странски гости, а ќе учествуваат повеќе од 15 говорници, панелисти и модератори.
Форумот е во организација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, а ќе го отвори министерката Сања Божиновска.
Во фокусот на Форумот ќе бидат енергетската безбедност, обновливите извори на енергија, зеленото финансирање, регионалната соработка и женското лидерство во енергетскиот сектор, соопшти Министерството за енергетика.
Целосната агенда на Форумот е достапна на официјалната веб-страница