Пред утрешниот квалификациски меч помеѓу Италија и Украина во нашата квалификациска група за Европското првенство во 2024, италијанскиот селектор Лучано Спалети ги предупреди сопствените играчи дека Украина има поорганизирана репрезентација од нашата. Дуелот се игра на „Сан Сиро“ и Италија мора да обезбеди позитивен резултат.
„Сега сме во ситуација која не е лесна – мораме да победиме на сите преостанати мечеви. Не можеме да играме за реми. Мораме да уживаме во фудбалот, да најдеме решение каде што ќе има задоволство и резултат. Мораме да работиме и да победуваме со убав фудбал, нешто што не успеавме да го направиме во Скопје. Украина? Се работи за поорганизиран тим од македонскиот. Украинците имат јасна идеја на која позиција сакаат да ја држат топката. Мислам дека ќе се обидат да ги изградат своите акции на брзи контранапади, како што направија со Англија. Мораме да ја контролираме топката за да ја отвориме нивната одбрана“, вели Спалети.