Словенечки хотел го продава креветот во кој спиел Кристијано Роналдо

43787622-2d55-44e2-89c9-e713510ef9e7.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Хотелот Гранд Плаза во Љубљана одлучи да го продаде креветот во кој спиеше фудбалерот Кристијано Роналдо минатата недела, кога одигра пријателски натпревар со Словенија со репрезентацијата на Португалија.

Хотелот одлучи, бидејќи многу фанови не можеа да дојдат до Роналдо и да добијат автограм или да се фотографираат, да го стават креветот на аукција на крајот на месецот по почетна цена од 5.000 евра, а парите ќе бидат наменети за хуманитарни цели, јавува порталот 24 часа.

„Преку фотографиите на сите фанови им се нуди поглед на собата во која престојуваше португалскиот фудбалер. На сите им посакуваме многу среќа и успешно учество на аукцијата“, објави порталот. Наведува и дека навивачите се обидувале да го следат Кристијан Роналдо на секој чекор, но фудбалерот успеал да ги избегне обидите да дојдат до него.

Навивачите го чекаа неколку часа на аеродромот во Брно, а потоа и пред хотелот Гранд Плаза, каде што престојуваше со португалската репрезентација. Репрезентациите на Словенија и Португалија на 26 март одиграа пријателски натпревар кој Словенија го доби со 2:0.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK