Скапо ги плати грешките, Окон ќе го напушти Алпин

esteban-ocon.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Естебан Окон ќе го напушти Алпин на крајот од актуелната сезона. Францускиот тим има лоша сезона, а работите сериозно се вжештија по амбициозниот обид на Окон да го претекне тимскиот колега Пјер Гасли на Големата награда на Монте Карло.

Окон удри во задниот дел од возилото на неговиот колега, го оштети своето возило и по само еден круг испадна од трката. Бидејќи ова не му беше прва глупост што ја направи тимот реши да се раздели со возачот.

По ангажманот во Форс Индија, Французинот се избори за договор со Рено, кој го промени брендот во 2021 година и го доби името Алпин. Окон одлично се снајде во францускиот тим, дури и победи на Големата награда на Унгарија во 2021 година, беше осми во генералниот пласман во 2022 година, но 2024 година е кошмарна за целиот тим.

Се шпекулураше дека Алпин ќе го казни Окон со тоа што нема да му дозволи да вози на Големата награда на Канада, но последиците за Окон ќе бидат поголеми.

Ќе го напушти тимот и веќе е во потрага по нов ангажман. Медиумите шпекулираат дека наредната сезона би можел да вози во Хас или Заубер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK