Мик Шумахер, резервниот возач на Мерцедес, верува дека од 2025 година ќе биде постојан член на тим во Формула 1.
Синот на легендарниот Михаел, сопственик на седум шампионски титули, смета на голема активност на пазарот, бидејќи следната година им истекуваат договорите на дури четиринаесет од 20-те возачи.
„Многу работи ќе се случат, не само што ќе има промени во тимовите, туку еден или двајца возачи би можеле да заминат во пензија. Тоа го гледам како можност за себе“, изјави Шумахер.
Мик возеше за Хас во 2021 и 2022 година. Тој имаше 43 трки и освои 12 поени. Тоа не беше доволно да се избори за нов договоро со американскиот тим.
„Знам дека имам вештина за тоа. Доволно сум добар. Го покажав тоа во Формула 4, Формула 3 и Формула 2. Фактот дека победував на трки и првенства брзо ќе се заборави. Докажав дека можам да возам и да се справам со притисокот, а Формула 1 не е толку поразлична“, изјави Мик Шумахер.