Шпанците го отпуштија селекторот Вилда, кој им ја донесе првата светска титула

Шпанците-го-отпуштија-селекторот-Вилда-кој-им-ја-донесе-првата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Селекторот на женската шпанска фудбалска репрезентација, Хорхе Вилда доби отказ од Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ), и покрај тоа што на неодамна завршеното Светско првенство во Австралија и Нов Зеланд го освоија златото.


Бидејќи претседателот на РФЕФ, Луис Рубијалес е суспендиран на 90 дена од ФИФА поради бакнежот на фудбалерката Џени Ермосо по освојувањето на титулата, комитетот на регионални претседатели на РФЕФ, предводен од Педро Роча, му врачи отказ на Вилда, веднаш откако официјано се извини за „целосно неприфатливото однесување“ на Рубијалес.

„Тренерот беше клучен за растот во женскиот фудбал по кој Шпанија стана светски шампион, и се зацврсти на второто место на ФИФА рејтинг-листата. Грасијас, Хорхе“, се вели во соопштението на РФЕФ, кое ветува и реорганизација на федерацијата.

42-годишниот Вилда беше на својата позиција одд 2015 година и иако претходно немаше поминато нокаут-фаза на големи турнири, го предводеше тимот до спектакуларна 1:0 победа над Англиј во финалето. Четири помошници на Вилда си поднесоа оставка минатиот месец, а лани 15 фудбалерки објавија бојкот на репрезентацијата барајќи промени во тимот. Пред СП три од 15-те фудбалери се вратија во селекцијата, но 5 кои посакаа да бидат во тимот не беа повикани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK