Шок во Фенербахче – тренерот поднесе оставка по ремито со Рома


screenshot-2026-09-11-081755.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Исмаил Картал повеќе не е тренер на Фенербахче. Искусниот турски стручњак поднесе оставка веднаш по нерешениот резултат со Рома (1:1) во првото коло од лигашката фаза на Лигата на шампионите.


Картал ја објави одлуката на прес-конференција по натпреварот, со што го заврши својот четврти мандат на клупата на истанбулскиот гигант.

„Сакам да им честитам на моите играчи и да објавам дека поднесувам оставка. Ја донесов оваа одлука заедно со мојот тренерски штаб со цел да го отворам патот за мојот клуб“, рече Картал.

Искусниот тренер им се заблагодари на навивачите, раководството на клубот, играчите, тренерскиот штаб и претставниците на медиумите, а потоа рече дека нема да одговара на прашања.

„Поднесов оставка додека сè уште има време, со цел да му помогнам на мојот сакан Фенербахче, на моите играчи и на идните тренери. Им посакувам на сите пријатна вечер, со порака дека никогаш нема да се вратам“, додаде Картал.

Картал се врати во Фенербахче во јуни оваа година, а за време на неговиот четврти мандат успеа да го одведе клубот до главната фаза од Лигата на шампионите за прв пат од сезоната 2008/09, прекинувајќи го 18-годишниот пост.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK