„Шкупи“ вторпат поразен од „Левски“

shkupi_234243234
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Македонскиот претставник во Конференциската лига „Шкупи“ го заврши настапот во европските купови, откако вечерва загуби на гостувањето во Софија од „Левски“ со 1-0 и со вкупен резултат од 3-0 е елиминиран во второто квалификациско коло.







„Шкупи“ допатува на реваншот на стадионот „Георги Аспарухов“ со тешка задача да ја анулира негатива од 0-2 од минатиот четврток во Скопје.

Македонскиот тим имаше свои шанси на реваншот кои не успеа да ги искористи, а казната за тоа дојде во 11 минута од судиското продолжение кога Марин Петков му донесе триумф на „Левски“.

Своите најзрели шанси „Шкупи“ ги пропушти во финишот на натпреварот кога голманот на „Левски“, Андреев, во два наврати со фантастични одбрани ги скроти ударите на Реналдо Цефас.

По елиминацијата претходно на „Македонија Ѓорче Петров“ и на „Шкендија“, единствен македонски претставник во Конференциската лига остана актуелниот шампион „Струга“, чиј противник во третото квалификациско коло ќе биде „Свифт Хеспер“ од Луксембург.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK