Севилја го отпушти тренерот Алонсо

Севилја-го-отпушти-тренерот-Алонсо.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Севилја поминува низ најтешките моменти во поновата историја на клубот. Во саботата, Севилја загуби на домашен терен од Хетафе со 0:3. По мечот, клупските челници му врачија отказ на тренерот Диего Алонсо.

Алонсо, пред два месеци дојде како замена за Хозе Мендилибар, со кого Севиља минатата сезона ја освои Лигата на Европа.

Поранешниот селектор на Уругвај не успеа да забележи победа во Примера, ниту во Лигата на шампионите каде доживеа четири порази. Во својот мандат победи два натпревари пртив екипи од понизок ранг во Купот на Шпанија.

Се уште не е познато кој ќе го преземе тимот од Андалузија, кој нема победа во 11 последователни првенствени натпревари и со само 13 поени се наоѓа на 16. место на табелата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK