Македонија со пораз стартуваше во Б дивизијата во Лигата на нации. Во Скопје, македонските фудбалери загубија од Швајцарија со 0:3.
Победата на Швајцарците, четвртфиналисти од последното СП е апсолутно заслужена, доминираа на теренот од првата до последната секунда.
Македонија уште еднаш разочара под водство на селекторот Гоце Седлоски. Во неговиот мандат репрезентацијата се уште нема постигнато гол, а веќе одигра пет натпревари.
По натпреварот селекторот не го криеше своето незадоволство.
„Заслужена победа на Швајцарија, покажа дека е исклучително квалитетна селекција, можеби и најсилната што гостувала во Скопје. Доминираа на секој дел од теренот, но тоа не е оправдување за начинот на кој примивме голови. Очекував да покажеме карактер, но кај некои играчи тоа денеска го немаше.
Време е за промени, кој заслужува, тој ќе го носи националниот дрес. Во иднина ќе сметам само на играчи кои редовно настапуваат во своите клубови“, рече Седлоски.
Селекторот го издвои дебитантот Матеј Гаштаров, за кого рече дека „треба да им биде пример на сите останати“.
Foto/ ffm.mk