Само Герет Бери е пред Џејмс Милнер

Само-Герет-Бери-е-пред-Џејмс-Милнер.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вест Хем и Брајтон одиграа нерешено без голови во вторникот вечерта, а Џејмс Милнер испиша нова страница во историјата на Премиер лигата.


Милнер го одигра 632. натпревар во Премиер лигата и на вчната листа на фудбалери со најмногу одиграни натпревари во Премиер лигата се искачи на второто место. Ист број натпревари има одиграно и легендарниот Рајан Гигс.

Пред нив е само Герет Бери кој одигра 653 натпревари во Премиер лигата.

Дополнително, на возраст од 37 години и 363 дена, Милнер им креираше четири шанси на соиграчите, со што стана најстариот играч во лигата кој создал четири или повеќе можности за гол за својот тим на еден натпревар. .

Во исто време, неговиот соиграч Факундо Буонаноте исто така создаде четири шанси и стана најмладиот што го направил тоа на еден натпревар. Буонаноте има 19 години и десет дена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK