Роналдо се враќа во Европа?

3884903-78930988-2560-1440.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кристијано Роналдо би можел да ја напушти Саудиска Арабија и да се врати во Европа ова лето. Поточно, би можел да се врати во Португалија, неговата татковина, каде што ја започна својата голема кариера како фудбалер на Спортинг Лисабон. Ова информација ја пласираше саудискиот новинар Алхаза Мутаб.


Португалецот во моментов има неуспешна сезона со Ал Наср, поради што е на удар на тамошната јавност и медиуми, па затоа е незадоволен и бара излез. Да потсетиме, Роналдо и соиграчите неодамна загубија во полуфиналето на Суперкупот од најголемиот ривал Ал Хилал, а во од истиот тим имаат 12 бода помалку.

Од друга страна, ситуацијата во Спортинг е најдобра во последните неколку години. Тие се на прагот да го освојат дваесеттиот шампионат на Португалија. На шест кола пред крајот на првенството имаат седум бода предност пред Бенфика, а следната сезона Роналдо би можел да го облече дресот на Спортинг за прв пат по 2003 година.

Да потсетиме, Роналдо во декември 2022 година потпиша договор со Ал Наср на две и пол години, а неговата годишна плата е околу 200 милиони евра, во таа сума е вклучен и комерцијалниот дел од договорот. Ова е највисоката плата во историјата на фудбалот, па Роналдо во текот на договорот треба да заработи половина милијарда евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK