Бразилскиот клуб Сантос покажа сериозен интерес за Родриго Гоес, но од Реал Мадрид доби решителен одговор, дека бразилскиот напаѓач не е достапен. Сантос се надеваше дека ќе го доведе играчот на шест месечна позајмица. Родриго се опоравува од сериозна повреда, но раководството на шпанскиот клуб ја отфрли таквата можност.
Според информациите, Сантос воспоставил неофицијален контакт со Реал за да ја испита можноста да го зајми Родриго. Шпанскиот весник „Спорт“, наведува дека идејата на бразилскиот клуб била да го ангажира напаѓачот штом добие лекарско одобрение за враќање на теренот. Планот бил да игра во националното првенство и на тој начин да ја врати натпреварувачката форма.
Реал Мадрид, и покрај добрите односи со Сантос, беше експлицитен во својот став. Клубот нема намера да го пушти Родриго под никакви услови, особено затоа што клубот го гледа како важно засилување за вториот дел од сезоната.
Раководството и тренерскиот штаб очекуваат негово враќање со цел да ги зајакнат напаѓачките опции.
Бразилскиот репрезентативец е во последната фаза од закрепнувањето од сериозната повреда на коленото што ја заработи во март на натпреварот против Хетафе. Поради руптура на предниот вкрстен лигамент и латералниот менискус, тој беше надвор од терените девет месеци. Реал Мадрид му дозволи дел од рехабилитацијата да ја заврши во тренинг кампот на Сантос, што ја потврдува довербата меѓу клубовите и поврзаноста на играчот со неговиот матичен клуб.
Foto/ Depositphotos