– Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, синоќа забележа најдобро време на првиот тренинг пред неделната трка во Формула 1 за Големата награда на Мајами.
Расел го извозе најбрзиот круг за 1:30, 125 минути што беше за 0.211 секунди побрзо од неговиот клупски колега Луис Хамилтон, кој тренингот го заврши на второто место.
Меѓу првите пет се најдоа и Шарл Леклер (+0.324), Макс Ферстапен (+0.424) и Карлос Саинц (+0.599).
Тренингот на кракот беше прекинат со истакнување црвено знаме откако Нико Хулкенберг удри со болидот во заштитниот ѕид.