Доделен шампионскиот пехар на ракометарките на Ѓорче Петров

 – Ракометарките на Ѓорче Петров го подигнаа шампионскиот трофеј, откако вчеравечер и официјално ја одбранија титулата во македонската женска Суперлига, и покрај поразот (28-29) од Куманово во претпоследното коло во оваа сезона.

Шампионскиот пехар и медалите по завршување на натпреварот во салата „Христо Батанџиев“ на избраничките на тренерот Симе Симовски им го додели генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Филип Милошевски.

На едно коло на крајот до прволигашката сезоната, Ѓорче Петров има недостижни шест бодови предност пред второпласираниот Куманово, а шанса за освојување на двојната круна старо-новиот шампион ќе има следниот викенд, кога на програмата е завршницата во македонскиот Куп.

Во полуфиналето Ѓорче Петров игра против Вардар, додека бранителот на трофејот Металург за пласман во финалето ќе игра против Куманово.

Leave A Comment