Ракометарите ја победија Црна Гора

Ракометарите-ја-победија-Црна-Гора.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Foto/ macedoniahandball.com.mk

Ракометната репрезентација на Македонија во контролен натпревар ја победи Црна Гора со 39:37. Натпреварот се одигра во Стара Пазова, а според договорот по завршувањето на мечот, ракометарите одиграа уште едно полувреме.

Македонските репрезентативци на овој начин ја завршија првата фаза од подготвките. Тие утре се враќаат во Македонија, од селекторот ќе добијат два слободни дена, а на 2 јануари ќе ја започнат втортата фаза од подготовките за ЕП.

Во втортата фаза Македонија ќе одигра два натпревари со Грција, на 4 и 5 јануари во Скопје. За првиот натпревар влезот во арената „Борис Трајковски“ е слободен, додека вториот ќе се игра зад затворени врати.

На ЕП македонската експедиција ќе замине на 8 јануари.

Македонија на ЕП има исклучително тешка група со Германија, Франција и Швајцарија.

Распоредот на Македонија на ЕП:

10 јануари Македонија-Франција 18.00 часот
14 јануари Македонија-Германија 20.30 часот
16 јануари Македонија-Швајцарија18.00 часот

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK