Познати сите учесници на фајнлфорот во ракометната Лига на шампиони

shampion-liga
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ракометарите на Барселона им се приклучија на Магдебург, ПСЖ и Киелце како последен патник на фајналфор турнирот во Лигата на шампиони, откако каталонскиот клуб синоќа и во реваншот беше поуспешен од дански Гудме.







Барселона во првиот натпревар на гостински терен триумфираше со 37-30, додека на реваншот рутински ја заврши задачата со победа од 36-31.

Претходно во четвртокот полски Киелце го елиминираше во четвртфиналето унгарски Веспрем, додека ден претходно Магдебург обезбеди место на завршниот турнир, откако беше поуспешен од полски Висла Плок, додека ПСЖ со две победи го елиминираше германски Кил.

Фајнлфорот во ракометната Лига на шампиони е на програмата на 17 и 18 јуни во Келн.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK