Данецот Нилсен нов играч на Еурофарм Пелистер

nilsen
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

РК Еурофарм Пелистер од денес има нов член. Станува збор за данскиот ракометар Андреас Јохан Нилсен.







Дваесет и петгодишниот Нилсен потпиша договор на една сезона, со опција за продолжување за уште една ако двете страни дадат согласност.

– Кружниот напаѓач доаѓа во Македонија од данскиот прволигаш Морс, висок е 198 сантиметри, тежок 107 килограми и со своите настапи во земјата на светскиот првак во последните неколку години значително се наметна. Пред да дојде во Морс, Нилсен го носеше дресот на Нордсјеланд, а има свои настапи и во младинските категории на данскиот национален тим. Особено задоволство ни е што покрај Кисум, нашиот дрес ќе го носи уште еден дански ракометар во сезоната 2023/24, незаборавајќи ги убавите денови кои во нашата земја ги минаа Себастијан Хенеберг и Ларс Валтер, објави Еурофарм Пелистер.

Официјалното претставување на Нилсен е предвидено по почетокот на подготовките во Битола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK