Просинечки е новиот селектор на Црна Гора

Просинечки-е-новиот-селектор-на-Црна-Гора.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Роберт Просинечки е назначен за селектор на Црна Гора, на седницата на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз. Договорот е потпишан на една година, а Просинечки е избран со едногласна одлука.


Просинечки со Црвена звезда го освои европското и светското првенство, беше и тренер на Црвена звезда, со Хрватска стигна до третото место на Мундијалот, ги бранеше боите на Реал Мадрид и Барселона… Просинечки како тренер водеше клубови од Турција, Словенија и, а беше и селектор на Азербејџан и Босна и Херцеговина.

Црна Гора не успеа да се пласира на Еверопското првенство, па во наредниот период ја очекуваат пријателски дуели против Белгија, Грузија, Македонија и Белорусија.

По овие натпревари Црна Гора ќе има дуели во Б дивизијата од Лигата на нации, а потоа ќе започнат квалификациите за пласман на Светското првенство.

Просинечки беше и на прагот на клупата на репрезентацијата на Гана, но на крајот сепак реши да ја прифати понудата од Црна Гора, најмногу поради поранешниот соиграч од Црвена звезда, Дејан Савиќевиќ, кој е претседател на националниот Сојуз.

Роберт Просинечки ќе биде седми селектор од осамостојувањето на Црна Гора.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK