Извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс, го потврди она што ја интересираше целата фудбалска јавност. Манчестер Сити беше прогласен за виновен по сите обвиненија за кршење на финансиските правила.
По повеќегодишен процес, пристигна одлуката на независната комисија, која англискиот и светскиот фудбал ја чекаа речиси една деценија. „Граѓаните“ ги прекршија сите правила вклучени во обвинението од 2009 до 2018 година.
„Клубот систематски ги прекрши правилата, а клучна одговорност на натпреварувањето е да обезбеди нивно почитување и да го заштити интегритетот. Од клучно значење е Премиер лигата да остане натпреварување во кое преовладуваат фер услови за сите, тоа го сфаќаме многу сериозно. Оваа постапка и одлука се најзначајните во историјата, санкциите што мора да следат поради овие прекршувања сè уште не се одлучени“, рече функционерот на најсилната лига во светот.
Според најновите информации, клубот од „Етихад“ ги намали трошоците за околу 900.000.000 фунти во текот на осум сезони со примена на „системски“ договори, кои се дефинирани како очигледни и лажни.
Во спорниот период, Манчестер Сити освои седум големи домашни трофеи – по три од Премиер лигата и Лига купот, како и еден ФА куп. Прашањето е дали ќе им биде дозволено да ги задржат трофеите стекнати со помош на малверзации.
Foto/ Depositphotos