Порто го смени претседателот по 42 години

Porto-Feature-shutterstock-scaled-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Хорхе Нуно Пинто повеќе не е претседател на Порто, а на негово место е избран поранешниот тренер на овој клуб Андре Вилаш Боаш.

Новиот претседател доби дури 80 отсто од гласовите, со што заврши најдолгата претседателска ера во светот на фудбалот.

-„Порто повторно е слободен“, изјави Вилаш Боаш откако беше избран.

Хорхе Нуно Пинто, беше претседател на трофејниот клуб од 1982 година. Кога го презеде, Порто беше далеку зад ривалите од Лисабон (Бенфика и Спортинг) по бројот на национални титули (седум), а 42 години подоцна имаат 30, дури 11 повеќе од Спортинг, а Бенфика е напред со 38.

Покрај тоа, Порто во неговата ера освои дури пет европски трофеи и два Интерконтинентални купа.

Еден од тие пет трофеи како тренер го освои Вилаш Боаш, Лига Европа во 2011. Таа сезона, единствената во која беше тренер на Порто, ја заокружи со сите три домашни трофеи. Потоа ги водеше Челзи, Тотенхем, Зенит, Шангај СИПГ и Олимпик од Марсеј.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK