Пораката на Чави до идниот тренер на Барселона…

17167537425435.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синоќа фудбалерите на Барселона ја победија Севиља со 2:1 во последното коло од Ла Лига. Овој натпревар беше последен за Чави на клупата на Барселона. По натпреварот Чави не криеше колку е разочаран што доби отказ само неколку дена откако објави дека ќе остане во клубот.


Чави Ернандез (44) проживеа нестварни девет месеци во „својата“ Барселона.

Во тој период, претседателот на клубот Џоан Лапорта го убеди да го продолжи договорот, потоа да се повлече од клупата на крајот од сезоната и да му ги прости долговите на клубот, а кога го направи тоа, поради една изјава која не му се допадна на Лапорта, клубот му врачи отказ, со барање да си соти на зборот дека нема да има никакви побарувања.

Без разлика што Лапорта јавно го понижи, а потсетуваме дека како играч одигра 767 натпревари за Барселона,Чави не сакаше да каже ниту еден лош збор за клубот и претседателот.

На прашањето дали ќе ги прости долговите, тој само рече:

„За мене зборот е закон“.

Потоа, откако последен пат ја предводеше Барселона како тренер, имаше порака за новиот тренер.

„Би сакал да му порачам на идниот тренер дека многу ќе страда и затоа мора да биде трпелив. Ова е многу непријатна позиција. Единствено константинете победи ќе му ја спасат работата“.

Шпанските медиуми пишуваат дека Ханси Флик денеска треба да пристигне во Барселона за да ги договори останатите детали од договорот.

Германскиот стручњак ќе потпише двегодишен договор и се согласил на помала плата од онаа на Чави. Флик во наредните денови треба и официјално да биде претставен како нов тренер на каталонскиот клуб.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK