Фудбалската федерација на Боливија (ФФБ) одлучи да откаже два турнири во Купот поради истрага за наводна корупција и местење натпревари.
ФФБ пред да ја донесе одлуката свика итен состанок на кој присуствуваа претставници на сите 17 клубови од првиот ранг на натпреварувањето и делегати од девет регионални фудбалски сојузи. Се разговараше за организацијата на Купот на Боливија и Купот на Симон Боливар.
По состанокот во понеделникот, ФФБ поднесе кривични пријави против голем број играчи, клупски функционери и судии осомничени за вмешаност во разработена мрежа за местење натпревари, поткуп и незаконско обложување.
Претседателот на ФФБа, Фернандо Коста на прес-конференција рече дека до крајот на годината ќе започне нов турнир со помал број клубови, но ФФБ прво мора да добие одобрение од Фудбалскиот конфедерација на Јужна Америка.