Петар Заборски освои златен медал на европската Универзијада

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Нов европски универзитетски карате првак е Петар Заборски од скопски „Макпетрол“. Во финалето во категоријата под 75 килограми на Eвропското универзитетско првенство за боречки спортови во карате во Загреб, тој славеше со 2-0 против Константин Јаненко од Украина.

 


За студентот на безбедност на Универзитеот „Свети Климент Охридски“ од Битола ова е втор златен медал во третото студентско финале. Во Коимбра, Португалија, 2015 година, тој освои златен медал, а во Загреб 2017 се закити со сребрено одличје.

 

Членовите на карате-клубот „Макпетрол“, Давид Петков и Петар Спасеновски, исто така, освоија медали на реномираниот спортски собир во Хрватска. И Петков и Спасеновски се закитија со бронзени признанија во своите категории.

 

На Eвропското универзитетско првенство на боречки спортови, што се одржа во Загреб, учествуваат 1.500 спортисти од 395 универзитети од 30 европски држави.

 

Освен во карате, се одвиваат натпревари и во џудо, таеквондо и кикбокс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK