Деветта сезонска и седма по ред победа за Верстапен, Ред Бул до рекордни 12 триумфи во низа

verstapen_23423432342
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен ја забележа деветтата победа оваа сезона во Формула 1 и седма по ред. Холанѓанецот попладнево беше најбрз на трката од Формула 1 шампионатот возена за Големата награда на Унгарија.







 

За Верстапен ова е 44 победа во кариерата.

 

По трката на „Хунгароринг“ Ред Бул постави рекорд со 12 победи во низа (на сите трки во сезоната 2023).

 

Второто место на унгарското Гран при му припадна на Ландо Норис од Мекларен, додека трет трката ја заврши Серхио Перез од Ред Бул.

 

Освојувачот на пол-позицијата, Луис Хамилтон трката ја заврши на 4.местото. Бодови освоија уште и (5-10. место): Пјастри, Расел, Леклер, Сајнц, Алонсо и Строл.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK