Втор пораз за македонските кошаркари на ЕП во Португалија

kosharkari_@3432423234
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Македонската јуниорска репрезентација доживеа втор пораз на Европското првенство дивизијата-Б во Португалија. „Црвено-жолтите“ попладнево загубија од Австрија со 74:77, иако во првото полувреме водеа со 17 поени разлика (36:19).







 

Андреј Шошкиќ со 27 поени, 10 скока и девет асистенции беше најдобар во македонскиот национален тим, но и тоа не беше доволно да се избегне поразот.

 

По овој загубен натпревар, и претходниот неуспех со Велика Британија, на македонската репрезентација и остануваат само теоретски шанси за пласман во четвртфиналето.

 

Следниот натпревар македонските кошаркари на ЕП ќе го имаат во вторник против Исланд од 19 часот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK