По официјалниот допис на ИССФ до МССФ и МОК и Анастасија Мојсовска – Учесник на Олимписките игри ПАРИЗ 2024!

mojsoska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По официјалниот допис од страна на ИССФ до МССФ на ден 14.06.2024 година можеме да кажеме и да се радуваме дека Македонија доби уште еден учесник на Летните Олимписки игри во Париз 2024. Тоа е Анастасија Мојсовска од спортско стрелаштво која ќе настапи во дисциплината 10 метри воздушна пушка жени 60 истрели додека натпреварот според програмата на Олимписките игри ќе биде на 28 Јули 2024 година.







МССФ упати официјална благодарност за поддршката и дадената довербата од страна на ИССФ која препознава развој и лојален партнер во Македонското стрелаштво. Овој голем успех на Анастасија Мојсовска воедно е голем успех за спортското стрелаштво и за Македонија. Истата доаѓа од Стрелачки клуб “Стрелец” – Скопје од каде што произлегуваат многу стрелци од сите категории и дисциплини кои исполнуваат високи резултати и олимписки норми.

Oвој успех немаше да биде остварен без поддршка на Македонскиот Олимписки Комитет, Агенцијата за млади и спорт на Р. Македонија, Македонската Спортска Стрелачка Федерација и могу други поддржувачи и партнери на спортското стрелаштво како и нејзиниот клубски тренер Јордан Тасевски со кој макотрпно заедно тренираат во изминатите години.

Анастасија Мојсовска е млада спортистка на 22 годишна возраст но е докажана како стрелец кој покрај тоа што бил повеќе кратен Државен првак и рекордер на Македонија истата остварила високи резултати на меѓународните натпревари. Таа тоа го докажа на последниот Светски куп во Минхен 2024 каде оствари нов Државен рекорд и висок светски резултат од 628,8 кругови кој е конкурентен за влез во финале на претстојните Олимписки игри во Париз 2024 споредено со претходните Олимписки игри во Токио каде што за влез во финале беа потребни 628,5 кругови.
Тренажниот систем како и активностите за подготовки и контролни натпревари во наредниот период ќе продолжат со позабрзано темпо од што се очекува подобрување на својот резултат и борба за пласман во финалната борба. Во финалната борба учествуваат најдобрите 8 пласирани стрелци од квалификациониот натпревар кои дополнително се натпреваруваат со дополнителни 24 истрели.

Уште еднаш упатуваме честитки до Анастасија Мојсовска, нека има мирна рака и бистро око во нејзиниот прв настап на Летни Олимписки игри!

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK