– Во полскиот град Гливице се одржува Европското првенство за млади пингпонгари на кое ќе настапат и четворица македонски натпреварувачи.
– Со 4 млади пинг понгари/ки Македонија ќе се претстави на Европското првенство за млади во Гливице, Полска. Државата ќе ја претставуваат Нико Доага, Софија Хасану, Фани Јованоска и Александар Јакимовски кои ќе се натпреваруваат во поединечна категорија. Нашите претставници својот настап го започнуваат денес, соопштија од Пинг понгарска федерација на Северна Македонија.
Првенството почна на 14 јули и ќе трае до 23 јули.