Ортега го продолжи договорот со Манчестер сити

GPiiuEOWkAAPXy7.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Голманот на Манчестер сити, Штефан Ортега го продолжи договорот со клубот до 2026 година.

„Многу сум среќен што ќе останам подолго во Сити. Ова е фудбалски клуб кој на играчите им обезбедува се што им е потребно за да бидат најдобри. Секој ден се чувствувам мотивиран и желен да се подобрам“, изјави Ортега.

Ортега е резервен голман во Сити, но на крајот од минатата сезона одигра една од клучните улоги во освојувањето на титулата во Премиер лигата.

На мечот против Тотенхем го замени повредениот Едерсон и во самиот финиш на тој меч во ситуација еден на еден му одбрани удар на Хјеонг-Мин Сон и со тоа го сочува водството за својот тим.

Овој 31-годишен германски голман дојде во Сити летото 2022 година од Арминија Билефелд и досега одигра 34 натпревари. Со Сити освои две титули во Премиер лигата, еден ФА Куп и Лигата на шампионите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK