Фудбалерите на Олимпијакос ја освоија титулата во Конференциската лига. Во финалето на стадионот на АЕК во Атина, Олимпијакос ја победи Фиорентина со 1:0, со голот на Ел Каби во 116.минута.
Финалето во третото според квалитет натпреварување на УЕФА донесе тактичко надмудрување на Виченцо Италијано и Хосе Луис Мендилибар. Во регуларниот имаше неколку шанси на двете, но резултатото остана 0:0.
Првото продолжение им припадна на црвено-белите, Јоветиќ имаше добра шанса, но Терачано одбрани. Играчите на Фиорентина беа покатвни во второто продолжение, но таквата игра не им даде резултат.
Клучниот момент се случи во 116.минута кога нафрли Орта, а Ел Каби го издржа дуелот со Раниери и ја испрати топката во голот.
Ел Каби на деврттиот натпревар сезонава во Конференциската лига го постигна 11. гол.
Овој гол на Олимпијакос му ја донсе првата европска титула во клупската историја, додека Фиорентина која лани во финалето доживеа пораз од Вест Хем, го загуби петтото финале во европските купови.
Тренерот на Олимпиајкос, Мендилибар, втора година по ред освојува европски трофеј, минатата сезона со Севилја ја освои Лига Европа.