Новак Ѓоковиќ направи промени во тимот

Новак-Ѓоковиќ-направи-промени-во-тимот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тенисерот Новак Ѓоковиќ во недела ќе настапи на Ози опен, а ривал му е 18-годишниот Хрват Дино Прижмиќ. На стартот од новата сезона тој направи промени во тимот, па Чарли Гомес Ерер повеќе нема да биде спаринг партнер, туку ќе му помага на тренерот Горан Иванишевиќ.


– Чарли е во улога на менаџер на тимот. Тој се уште учествува како помошник тренер, но повеќе е тим-менаџер. Добро ја исполнува улогата иако нема големо искуство. Тој е посветен, учи и брзо напредува. Тој е мој пријател, некој на кој имам доверба и можам да се потпрам. Тој убаво го надополнува мојот менаџер Марк Маден – изјави Ѓоковиќ.

Сепак, тоа не беше единствената вест.

– Електра е уште една личност која ќе биде дел од нашиот менаџерски и брендинг тим. На Грен слемовите имаме поширок состав, пополн состав, бидејќи има многу обврски кон спонзорите кои треба да ги покриеме – додаде тенисерот.

Тие ќе им се приклучат на Горан Иванишевиќ, Марко Паники, Миљан Амановиќ и Клаудио Чимаља, кои го сочинуваат тимот на светскиот тенисер број еден по заминувањето на Елена Капељаро и Едоарт Арталди.

Турнирот во Мелбурн започнува на 14 јануари, а Новак Ѓоковиќ повторно ќе ја брани титулата освојувач, а доколку успееше да го одбрани пехарот – би стигнал до својот јубилеен 25. Грен слем трофеј во кариерата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK